Петар Печков
Објавено: петок, 13 октомври 2017
Вчеравечер, предизборен митинг во Велес одржа коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Беа претставени кандидатите за советници, носителот на листата и кандидатот за градоначалник.
Славчо Чадиев побара втора мандат за да го направи Велес најубав гад во Македонија, место по мерка на младите и град со широко отворени перспективи. За да се случи ова потребно било сплотеност, единство меѓу сите
Среќен сум што ве гледам вечерва тука, што велешани ги препознаваат делата и избираат работници, избираат личности, избираат напредок наместо назадување. Не покажуваме сила и моќ, покажуваме дека сме силни во идеи и во проекти. Покажуваме дека на Велес нема да му се случат црни сценарија и дестабилизација, хаос. Велешани покажуваат дека ги поддржуваат политиките кои даваат напредок, просперитет на саканиот Велес. Велес ни е се што имаме. Вашите гласови го прават Велес силен, моќен. Граѓаните не Велес велат ,,да,, за работниците, велат ,,да,, за инвестициите, велат ,,да,, за делата, велат ,,да,, за ВМНРО-ДПМНЕ и коалицијата. Вечерва излегувам пред сите Вас, со крената глава и чист образ, зад себе го имам реализирано најуспешниот градоначалнички мандат во Општина Велес, било кога и да е изминатите децении. Имаме реализирано 37 проекти, кои значат подобар живот за сите граѓани во општината. Ја изработивме индустриската зона Караслари каде е фабриката ,,Маркард,, во која работа 500 сограѓани, изградивме два кружни тека,вложивме во спортот, културата, туризмот, социјална заштита. Се што градиме и создаваме е со една цел да го направиме Велес по мерка на велешани, да овозможиме во него да растат граѓани кои својата иднина и иднината на своите деца и внуци ќе ја гледаат во својот Велес. Во наредниот мандат, економијата останува главен приоритет. Само така ќе создадеме услови за економски развој и за нови вработувања. Ќе изработиме студија за изградба на гасоводна мрежа во градот., ќе гадиме обиколница околу Велес, нови кружни текови. Ќе изградиме катна гаража близу Автобуската, поранешното ОУ ЈЏК Џинот ќе се пренамени за лица за посебни потреби и детска градинка а Офицерскиот дом во Градска библиотека. Ќе започнеме и со постапка за одвојување на фекалната од атмосферската канализација, со изградба на пречистителна станица. Нема да ги заборавиме населените места во околината на градот. Вложувањето во спортот продолжува, изградба на нови 8 игралиште. Предвидовме и решавање на проблемот со кучињата скитници. Ќе доделуваме по 3 илјади денари субвенции за набавка на велосипеди. Како и 300 бесплатни парцели за млади брачни парови. За 4 години изградивме 107 улица остана за изградба уште 47 – порача кандидатот за градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.
Александар Колев порача дека новата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе протече токму од Велес
Овој насобран народ овде, јасно говори дека велешани масовно ќе ја дадат поддршката за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев и нашата советничка листа. Тоа ќе биде повторно најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Досега имаа можности да го водат Велес напред, но наместо тоа СДСМ го доведе до дното. Наместо да ги решаваат проблемите на велешани, и да ги реализираат ветувањата за подобар Велес и економски поразвиен, Велес падна на дното. Тогаш Велес имаше цели 17 илјади невработени или 37 отсто од населението. Затоа ние ги имаме кандидатите кои знаат да се грижат за нашиот град. Ние ги имаме кандидатите кои ги имаат решенијата за проблемите на нашите сограѓани. Славчо Чадиев покажа изминатите четири години како треба да изгледа вистински градоначалник, вреден, трудољубив, работлив, посветен на своите задачи. Но пред се народен, обичен човек, кој е во постојано комуникација со своите сограѓани. На листата за советници се наоѓаат луѓе кои се докажани професионалци, со реноме, достигнувања, пред се чесни, работливи, добри сограѓани. Овие луѓе, сите 23 се гаранција дека развојот на Велес ќе продолжи. За нас во ВМРО-ДПМНЕ политиката не е простор каде ќе го покажеме целиот свој гнев и омраза. За нас од ВМРО-ДПМНЕ политиката е место каде го вадиме најдоброто од нас и тоа го правиме. Зад нас стојат дела, 370 реализирани проекти, пред се проекти кои значеа економски просперитет. Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт започнаа да се отвораат фабрики и работни места, наспроти СДСМ кој кога владееше фабриките се затвораа – изјави Александар Колев носител на листата за советници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Велес.
Најавата на партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот беше кратка ,,победуваме,, тоа го кажа во три наврати, кратко и силовито.
Ова не се обични локални избори, Вие тоа добро го знаете, Вашата одлука овој пат е многу важна. Ова е одлука за тоа какава иднина ќе градиме за Вас, за Вашите деца за нашата заедничка држава. Ние сме партија на граѓаните на Македонија и сме гаранција за стабилна, сигурна и силна Македонија. Нашата задача е создавање дела, нудење на решенија, наместо празни зборови. Работевме напорно младите да добијат образование со достапни партиципации за студирање. Работевме напорно пензионерите да живеат спокојно и достоинствено со пониски пензии. Тоа што се случи во Македонија во последните пет месеци е вистинско помрачување. Имаме преполовување на капиталните инвестиции од Буџетот,индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне, странски инвеститори кои размислуваат да заминат а нови не доаѓаат, извоз кој опаѓа, девизни резерви кои се топат- само последните четири месеци се намалени за 180 милиони евра. Просечните плати наместо да растат ,како што ветуваа, се намалуваат. 15-ти октомври е почеток на новата ера, доаѓањето на светлината во Македонија. Нудиме нова ера, во која нема да има неасфалтирана или неосветлена улица, со парк во секое маало. Нова ера за 150 илјада нови работни места во Македонија до крајот на наредната декада. Затекнавме 560 илјади вработени во 2006- та кога заминавме во мај оставивме 733 илјади вработени, за 173 илјади повеќе отколку што затекнавме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Велес бројот на вработени лица во 2006-тата бил 9,8 илјади а кон крајот на мината година беше15,6 илјади. Или 5,8 илјада лица повеќе вработени. Во здравството во Велес вложивме 5 милиони евра. Новата ера со 2,5 пати повисок приход по глава на жител, од сегашните 5 илјади на 12,,5 илјади долари просечно по глава на жител Нова ера со која учениците до петто одделение ќе имаат беспатен и здрав оброк во училиште. Новата ера ќе донесе и отпис на долгови за социјално ранливите семејства. Наша цел е обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава и го достигне стандардот на граѓаните од развиените држави, за младите да има повеќе работа, за учениците подобро образование, за работниците повисоки плати исто како и за пензионерите. Размислуваме 20 години напред, имаме соништа имаме визија. Имаме кандидат за градоначалник, Чадиев кој направи многу и ќе прави уште многу и решава проблеми кои остануваат, работи чесно и домаќински заедно со Колев се победничкиот тим за Велес – потенцираше Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Tweet |