Петар Печков
Објавено: среда, 18 август 2010
Велешката поп-рок група од почетокот на 90-тите на минатиот век, Ла Манш, повторно ќе се собере за заеднички настап. Тие ќе имаат жива свирка в петок во 22 часот во дискотеката Пуебло (некогашен Џипун).
Со хитовите од нивните две аудио касети како и нумери од тоа време, Мишката, Борче, Влатко, Роберт, Боби, ќе ги забавуваат присутните гости.
Tweet |