Петар Печков
Објавено: сабота, 19 јули 2014
Шеснаесет верници денес беа крстени во водите на реката Бабуна крај Велес. Ова е седми пат како се организира групно бесплатно крштевање, од Повардарската Епархија на МПЦ -ОА. На ваков начин се предава Светата тајна – крштевањето. Тоа е моментот, кога верниците според верата се соединуваат со Бога.
Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија протоереј Борис Симоновски, свештеник Мики Миовски и свештеник Игор Пармачки. Сите што денес беа крстени беа млади, на возраст до 30-тина години.
Имаше и неколкумина од Скопје, Кавадарци. Скопјаните дојдоа во Велес оти повеќе немало групна крштевка на Матка, тие од Кавадарци се одлучиле за Бабуна а не за групната крштевка на Тиквешко, оти морало час и повеќе да се патува со чамец.
Tweet |