речник контакт

Групно бегство од велешкиот затвор

Ново групно бегство од македонските затвори, овој пат од велешкиот. Тројца осуденици од затворот се во бегство, откако избегале во четвртокот

Петар Печков

 Групното бегство на тројцата затвореници кои отслужуваат казна во малолетничкиот затвор кај населбата  Превалец е регистрирано во четири часот наутро во петокот кога стражарите констатирале дека Петре Севдиновски ( 19 год) од  Струга, Јован Пинза ( 19 год) од Битола и Сенад Раинов (18 год) од Радовиш ги нема во нивните кревети. Сите се извршители на кривични дела тешки кражби и осудени на неколку годишни казни затвор.

Се претпоставува дека избегале со украдено  возило ,,застава 101,, , кое е пријавено дека е украдено од двор на куќа во Превалец, а истото е пронајдено во Радовиш, од каде е еден од избеганите затвореници. Од велешката полиција ги потврдуваат двата настани, бегството и украдениот автомобил, и велат дека до неделата напладне затворениците не беа фатени.

 Директорката на Дирекцијата за санкции, Лидија Гаврилова објаснува дека затворот е од отворен карактер, дека полицијата е известена и е распишана потерница по тројцата побегнати момчиња. Според неа се случувало осуденици од вакво тип на затвори да излезат, да заминат до дома, се видат со нивните блиски и потоа се вратат. Велешкиот затвор од пред некој месец е затвор за малолетници и тука отслужуваат казна лица кои во време на изрекувањето на казната биле под 18 години.

Нивното преместување во оваа казнено поправна институција е по препорака на ЕУ,  бидејќи овие лица малолетници биле со заеднички престој во затворот во Идризово со криминалци кои сториле тешки дела, убиства, киднапирања, сексуални престапи, и не било добро да отслужуваат казна затвор  заедно, го попречувал процесот на рехабилитација.  Затоа тие беа префрлени во ваков вид отворени казнени институции. Во исто време, откако затворот во Велес стана  нов дом за овие лица, во блиската населба Превалец се зголемил бројот на кражбите. Локалното население се жали дека кражбите се дело на затворениците
       

Ноќта кога избегале децата од затворот освен што е украден еден автомобил имало обид за кражба и на други два, но тие биле неуспешни. Претходно почна да се краде во населбата на големо, што досега не било. Последната седмица украдени  неколку скутери и мопеди, што  е поврзано до доаѓањето на овие нови затвореници во затворот  кај нас – велат жителите на Превалец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »