речник контакт

Гужви на заборавените, за нови биометриски возачки

Управните служби поради гужвите ги засилиле капацитетите, па има нови термини за издавање биометриски возачки кои се поместени за порано

Петар Печков

Големи редици, гужви ,нервоза пред вратите на Управните служби на МВР. Причина промената на возачките дозволи со нови биометриски. Иако рокот помина заборавените велешани кој им беа малку пет години да го сторат тоа, сега вадат нови документи. Од понеделникот сообраќајната полиција  може да ги казнува возачите кои не ги смениле возачките, а казните изнесуваат 45 евра или 25 казнени поени. Единствено се  поштедени оние кои почнале процедура за вадење на нова лична карта, односно имаат закажано термин.

СВР  Велес  поради гужвите ги засили капацитетите за замена на старите возачки дозволи.  Од  среда 3-ти октомври  зголемува дневниот капацитет на прием на граѓани. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, како и да им овозможи истите за што пократок рок да се стекнат со нова -биометриска возачка дозвола  истакнати  се нови списоци, односно, веќе закажаните термини се  поместени за неколку дена порано. 

Затоа полицијата ги  повикува сите граѓани кои веќе имаат закажано термин за аплицирање,  да дојдат пред просториите каде се сместени управните служби и го проверат новиот термин кој  им е одреден за аплицирање.

Од СВР Велес потсетуваат дека  Управните служби работат секоја прва сабота во месецот во времето од 8,30 до 16,30час. , секој граѓанин кој нема можност да дојде и аплицира за добивање одреден личен документ од понеделник до петок, истиот може да дојде тогаш и аплицира за добивање документ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »