Петар Печков
Објавено: четврток, 16 декември 2021
Од денес ЈЗУ Здравствен дом, кај велешани познат како Уред, има нов директор.
Тоа е д-р Виолета Ружинова Петкова, специјалист по општа медицина, со 35 години стаж во професијата.
Таа има работено и во Итната помош, во амбулантата Ташевиќ, ја минала целата скала на лекарски предизвици. Последното работно место беше доктор во школска превентива.
Досегашниот директор Никола Димовски информираше дека си поднел оставка на оваа позиција од лични причини.
Д-р Ружинова Петкова е поставена како в.д. директор.
Tweet |