Петар Печков
Објавено: недела, 29 октомври 2017
Според официјанти но не и конечни резултати објавени од Државната Изборна Комисија во вториот круг на изборите за градоначалник за Општините Градско и Чашка победија кандидатите на СДСМ. И тоа со убедлива предност. По пребројаните гласови од сите избирачки места состојбата е следна:
Општина Градско победи Роберт Бешовски од СДСМ со 53,51% додека Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,22%. На 11 избирачки места излегле 72% од 3.152 запишани граѓани. Има 74 неважечки ливчиња.
Општина Чашка победи Горан Стојановски од СДСМ со 69,58% додека Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија има 27,49% . На 31 избирачко место излегле да гласаат 53,86% од запишани 6.017 граѓани со право на глас. Има 94 неважечки ливчиња.
Tweet |