речник контакт

ДИК -Колев градоначалник, ДУИ со член на Совет

Ова се официјални но не и конечни резултати, оти учесниците во изборите имаат право на жалба

Петар Печков

Државната изборна комисија на нива веб страница ги објави податоците за неделните локални избори, по сите пребројани 84 избирачки места. Ова се официјални но не и конечни  резултати, оти учесниците во изборите имаат право на жалба.

На изборите во Општина Велес на 84 избирачки места гласале  52,28 % или во бројки 23.992, од запишани 45.892 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 969.

За Општина Велес победи Марко Колев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со 51,6% добиени гласови од излезените - во бројки 12.380 гласачи, пред Ненад Коциќ од СДСМ со 32,46% или 7.789 гласови, трет е Златко Арсов од Левица со 9,64% -2.314  и Семир Алимов од Бошњачка Демократска странка со 2,1 (505) освоени гласови.

Идниот Совет на Општина Велес кој бори 23 члена, според неофицијалните распределби на местата е во следен состав: ВМРО-ДПМНЕ со 11 места, СДСМ со осум, Левица со три и ДУИ со едно место. Ваквата распределба на советнички места е потврдена од ДУИ и Левица.

На изборите гласале  52,22 % од запишани 45.892 гласачи, или во бројки 23.965 што е за 27 гласачи помалку од листата за градоначалник.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 935, или помал е бројот во споредба со тие за градоначалник

Бројот на освоени гласови за советници е следен:
ВМРО-ДПМНЕ  10.729  -44,77%
СДСМ 7.405 -30,90%
ЛЕВИЦА 3.109  -12,97%
ДУИ  1.017  -4,24%
БДС  308  -1,29%
ЛДП/ДОМ  167  -0,70%
Твоја Партија 113  -0,47%
ИНТЕГРА  104  -0,43%
Единствена Македонија 78  -0,33%

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »