речник контакт

Да се зголеми степенот на лична и колективна хигиена, здравите да не носат заштитни маски

Советот за јавно здравје со препораки за велешани како да се заштитат од корона вирусот

Петар Печков

На денешната седница на Советот  за јавно здравје на општина Велес, во присуство на д-р Анастасија Ивановска,  д-р Ненад Коциќ, д-р .Катица Николова,  Драги Ртовски и Габриела Трајковска, на која беа поканети и претставници од ЈЗУ Општа болница д-р. Божидар Бојаџиев и д-р Силвана Мишкова и ЈЗУ Центар за јавно здравје д-р Билјана Трајкова, беше презентирана актуелната ситуација и насоки од надлежните институции и дадени следните препораки:

1, Да не се создава непотребна паника кај населението(80% од заболените со  корона вирус се со лесна клиничка слика, кај 20% се јавуваат компликации, а само кај 2% од заболените -најчесто над 80 години се со смртен исход.

2. ЈЗУ Општа болницата и Инфективното одделение се целосно опремени (има пет соби за карантин, амбуланта со посебен влез, соба за медицински сестри и целосна медицинска опрема)

3. Се препорачува на патниците кои доаѓаат од ризичните подрачја, ДА НЕ ОДАТ НА МАТИЧЕН ЛЕКАР, туку врз основа на препораките од добиените флаери да се јават на телефон 071/219-278 и 078/241-837 од каде ќе добијат понатамошни инструкции и ќе бидат соодветно третирани

4. Учениците кои имаат роднини кои доаѓаат од ризичните региони - Ламбардиа, Венето, Емилиа Ромања, Пиемонто, Кина, Хонг-Конг, Иран, Јапонија, Макау, Филипини, Јужна Кореја, Јапонија, Сингапур, Тајван да се изолираат во домашни услови во рок од 14 дена, со поднесување на името и презимето на роднината во своето училиште

5. Да се зголеми степенот на лична и колективна хигиена во сите јавно -прометни површини

6. Здравите лица да не носат заштитни маски. Само они е кои имаат дијагностицирано заболување треба да носат маски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »