речник контакт

Да се трча здраво е.. (фото)

По 13-ти пат најмладите трчаа за подигнување на свеста за физичка активност

Петар Печков

По тринаесетти пат оваа година, се одржа рекреативната трка ,,Да се трча здраво е,,  на која учествуваа стотина учесници, претежно ученици од основните училишта и дваесетина граѓани поддржувачи на здравиот живот, кои се приклучија на оваа активност.   Се стартуваше од пред Гимназијата, се трчаше по Благој Ѓорев до Пошта и потоа по Алексо Демниевски Бауман, до крстосницата кај семафорите и во задниот двор од Гимназијата. 

Целта на  оваа трка е децата да ги изнесеме час , два од дома, да се дружат, да излезат во природа, да не седат пред компјутерите, со мобилните, да се социјализираат - рече  Иванка Андова претседател на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение и Советот за превенција од детското претставништво. 

Трката е втора наша активност годината и целта е да го подигнеме јавното мислење и на младата популација,  да се одржува добра физичка активност , да се развиваат здраво, да  се вратат на детските друштвени игри - кажа Весна Стојанов Богоевска, претседател на Советот за превенција од детското претставништво.   Иако немаше натпреварувачки карактер, тројцата најбрзи добија благодарници: Теодор Иванов, Благој Марковски, Александар Трајков. 

Манифестацијата ја помогнаа ,,Жито маркети,, кои обезбедија маички за сите учесници и поткрепа и освежување за тркачите. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »