Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 јули 2012
Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето А.С. (31) од Велес поради основи за сомнение дека во периодот Јануари-Јуни 2012 година сторила три кривични дела „Измама“ и против С.Ј. (21) од Градско, поради основи за сомнение дека сторила едно кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“ .
A..C. во три наврата во наведениот период се упатувала во куќи лоцирани на различни локации во градот и претставувајќи се како „гатачка“ која може да направи амајлија од златен накит, успеала од оштетените да одземе вкупно пет златни прстена, едно златно ланче и два привезока, ветувајќи им притоа дека по извесно време ќе им донесе амајлија направена од нивниот златен накит.
При извршувањето на кривичните дела, успеала да измами една слепа жена ветувајќи и дека амајлијата ќе и го врати видот, на другата оштетена и ветила дека амајлијата ќе му помогне на нејзиното болно дете а додека на третата оштетена и ветила дека ќе и помогне да ги реши брачните и фамилијарни проблеми.
Една од трите оштетени C.J. која откако увидела дека е измамена, стравувајќи од проблеми со нејзиниот сопруг, во полициската станица пријавила кривично дело „Разбојништво“, наведувајќи притоа дека додека истата била на работното место во продавница, првопријавената со употреба нож и сериозна закана успеала да и одземе златен накит и 4000 денари, по што се упатила во непознат правец.
По приведувањето во просториите на Полициска станица од општа надлежност Велес, од страна на оштетените првопријавената е препознаена. A.C. претходно е пријавувана за кривично дело против имотот за што и е изречена условна казна
Tweet |