Петар Печков
Објавено: недела, 24 ноември 2013
Заменикот претседател на СДСМ Радмила Шеќеринска пред велешани ја промовираше програмата на партијата и активностите кои ги преземаат во рамките на кампањата ,,Да ја вратиме средната класа,, . Овие нивни активности кај власта предизвикуваат паника и нервоза, рече Шеќеринска.
Наша цел е да понудиме на алтернатива во оваа држава. Факт е дека ова предизвикува позитивни реакции кај граѓаните но и факт е дека ја прави власта многу нервозна. Како никогаш досега се изнаслушавме, навреди, неаргументирани обвинувања, напади и лаги. Дури пред некој ден не прогласија и за непожелни во овој град. Каде тргна Македонија, кога власта си дозволува и се чувствува моќна да прогласува подобни и неподобни граѓани, во сопствената држава .
Во ситуација кога 81 отсто од младите на Велес сакат да го напуштат градот и државата, сакаме да понудиме алтернатива на сигурност, на почитување. По нашата промоција на програмата со која нудиме повраток на 15 отсто од ДДВ, власта не плукаше две недели, нашиот предлог бил невозможен, несериозен. По толку време плукање излегоа со нивно решение, кое бенефит ќе имаат само мал број на граѓани. Наградна игра, за собрани фискални сметки. На нашата реална понуда и програма тие одговараат со нервозни реакции - рече Шеќеринска.
Tweet |