речник контакт

Дали и кога велешани ќе ги видат новите македонски филмови

Добиениот дигитален кино проектор малку искористен

Петар Печков

Една година  и повеќе, велешани чекаат да ги видат новите македонски филмови. Откако лани во март беа прикажани ,,Три дена во септември,, и ,,Татко,, македонско –косовска копродукција, гледачите од Велес не беа во можност да ги погледнат новите македонски играни филмови.

Иако пред три години Министерство за култура на Центарот за Култура  и Уметност ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,   му подари дигитален протектор, тој многу малку се користи.  

И додека велешани чекаат да ги видат ,,Ослободувањето на Скопје,,  ,,Лазар ,, ,,Џган,, ,,Медена ноќ,,  ,,Златна петорка,,  нив ги нема, иако нивните дистрибутери  имаат желба и интерес да ги прикажат пред велешката кино публика. Згора на тоа  државата преку Филмскиот фонд одвојува милионски суми евра за производство на македонски филмови, но тие не стигнуваат до публиката во градот. 

Одговарајќи на прашање кога ќе може публиката да ги види овие филмови, уметничкиот директор на велешки театар, во чија сопственост е дигиталниот кино проектор,  Васил Зафирчев не даде конкретен  одговор. 

Отворени сме за соработка, но во рамките на тековниот репертоар. Во моментов имаме десет активни претстави, потоа гостувачки проекти. Месец април и мај  ни се важни за нашите претстави за театарскиот репертоар – изјави Зафирчев. 

Минатата година во јуни имаше ретроспектива на филмови од Кина, Иран и Јужна Кореја а во октомври традиционални проекции на новиот германски филм. Измианата седмциа со една преокција беше прикажан детскиот филм ,,Малиот гангстер,, од Холандска продукција.  Деновиве започнаа и кино проекциите низ Македонија  на новиот македонски игран филм, комедијата ,,Ах љубов моја,, на Коле Ангеловски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »