Петар Печков
Објавено: сабота, 13 јули 2013
Позначаните на Дамјанов објаснуваат дека тој ни оставил 40 цркви на територијата на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Се верува дека градел и во Бугарија и Грција, но нема докази за ова и треба да се истражи. Дел од неговите дела се црквите во Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Ниш, Сараево, Мостар.
За најубава и неповторлива градба на Дамјанов се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Штип, Свети Никола Куманово и Св. Архангел Михаил во Чичево, велешко, како и многу помали цркви во земјава.
Во Србија ги изградил црквите „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква Св. Тројца во Ниш како и соборната црква Св. Богородица во Сараево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар. Оваа во Мостар е разурната во војната од 1991-та и во тек е нејзината обнова која тешко оди а изгоре и дел од црквата во Ниш во пожар во 2001-та година.
Tweet |