Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2010
Родена 02 фебруари1918 во Велес какао четврто дете во семејство на Цанда и Ристо Северови, луѓе со ретка музичка дарба. Данка уште од малечка покажала љубов кон музиката а особено кон пеењето.
Како ученичка во велешката Гимназија била член на тамошниот хор и како солист на еден настап ја забележал гостин, пратеник од Министерството за просвета од Белград, кој дал препорака да се запише во тамошното Музичко училиште. Тоа се случило 1934 година, кога во Белград учеле велешаните Стефан Гајдов, Живко Фирфов, како и Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Петре Богданов Кочко. Од Белград Данка се враќа како Фирфова, сопруга на Живко Фирфов.
Нејзин прв настап како прва школувана оперска певица, на македонската оперска сцена бил 1947 како Сантуца во ,,Кавалерија Рустикана,, на Пјетро Маскањани, прв опера испеана на македонски јазик. Данка Фирфова Северова е првата македонска Тоска, првата Леонора од Трубадур, првата Аида, Елеонора од Фиделио за што ја добива државната награда 11 Октомври, Дездемона во Отело, Микаела во Кармен. Таа освен на сцената на Македонската Опера настапувала и на сцената на Српскиот Народен театар во Нови Сад. На меѓународниот фестивал во Вервеи Белгија, во 1957 година, помеѓу 150 истакнати солисти таа ја освојува награда во категоријата сопранисти.
Фирфова како гостин има настапувано и на оперските сцени во Бугарија, Полска, Грција, Белгија, Италија, Чехословачка. Посебно впечатливи моменти во нејзината кариера се изведбите на Тоска и Отело во Загреб во 1959-та година кога публиката 17 пати ја враќала на сцена или при изведбата на Тоска во Белград во 1958 ја прекинала среде претстава и со спонтан бис да ја врати повторно да ја испее истата арија. Фирфова се пензионира во 1975 година, но не ја прекинува музичката кариера, работи како педагог во оперското студио во МНТ се до 1980-тата година.
Неодамна беше издадена монографијата ,,Живот посветен на музиката,, од Мирјана Павловска Шулајковска на кој на 130 страници се претставени најзначајните моменти од животот на најмаркантната оперска певица во Македонија, Данка Фирфова Северова.
Tweet |