Петар Печков
Објавено: вторник, 06 септември 2016
Судскиот совет на Република Македонија изврши избор на 25 судии во повеќе судови во земјата. Со тоа ќе бидат пополнети судиски места кои веќе подолг период беа испразнети не само во Апелационите судови во земјава, туку и во основните судови, како и во највисоката судска инстанца - Врховниот суд.
За Основен суд Велес избрана за судијка е Дара Арсова, која на оваа позиција доаѓа од Академијата за судии и јавни обвинители.
На вчерашната седница од 15 пријавени кандидати беа избрани четворица судии од граѓанската област за Врховниот суд., меѓу нив се најде и велешанката Надица Андреева, која досега беше дел од Апелација Скопје.
Изборот беше на Судскиот совет на Македонија, каде член е судијката Лидија Каначковиќ.
Tweet |