Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јули 2018
Ракометниот интернационалец Дарко Димитриевски се враќа во Шпанија овој пат во Сантандер. Повторно ќе игра во најквалитетната АСОБАЛ лига, овој пат за екипата на БМ Блендио Синфин.
Таа е нов член на а шпанска АСОБАЛ ракометна лига, каде влезе преку плеј оф. Димитриевски потпишал договор за настап за една година. Новиот клуб задоволен од засилувањето и на нивната веб страница запишале дека ,,неговите 1,94 сантиметри и 90 килограми го прават флексибилен играч со одличен шут од надвор,,.
Димитриевски за новиот клуб изјави:
"Веќе играв во силни лиги како Лигата на шампионите и се надевам дека моето искуство ќе му помогне на тимот да има добри резултати оваа сезона, Ниту јазик да биде проблем,бидејќи по настапите пред неколку години кај Сангунто и Леон Адемар, научив шпански и тоа ќе ми помогне да комуницира со играчите на тренерот и тимот. Се надевам дека сите ќе бидеме среќни заедно на крајот на сезоната" заклучи Димитриевски.
Tweet |