речник контакт

Дарко Ранготов е спортист на Велес за 2018-та година (фото)

Кој се доби признанија за спортските резултати во годинава што завршува

Петар Печков

Дарко Ранготов е спортист на Велес за 2018-та година. Тој е играч во футсал и член  футсал репрезентацијата на Македонија и на шампионската екипа на КМФ Велес која годинава стана првак на Македонија играше во квалификациите за Футсал лигата на шампионите на УЕФА  а не доби признание. 

Екипно најдобра екипа беше прогласена  фудбалската екипа на ФК Борец 1919 која е есенски првак во Втората лига Исток.  Второто место е за КК Бабуна а трет  Велосипедскиот клуб МВК Велес.

Во поединечна конкуренција  второто место го освои велосипедистот Христијан Ванчевски пред кајакарот Борче Мирчевски.  Понатаму следат 4- Драган Ванов -мото крос, 5 -Мартин Караколев- кошаркар,     6- Ѓоре Ѓорѓиев - фудбалер, Енис Небиоски - кајакар, Љубомир Спасиќ - кајакар, 9- Георги Бановски каратист, 10 - Антонио Чоков.   

Тренер на годината е Горазд Михајлов кој ова полусезона ја водеше екипата на ФК Борец 1919. 

Еве ја листата на млади спортисти, каде нема рангирање:  Лусија Атанасова - тенисерка, Ненад Антиќ стреличар, Давид Ристовски велосипедизам, Сара Николова -одбојкарка, Кирил Миленков ракометар, Ангела Димова кајакарка, Марко Поп Тодоров каратист, Славјанка Андреева тенисерка, Ангел Жабев одбојкар, Николина Грујова одбојкарка, Ваљон Имери фудбалер, Стефанија Андовска - стрелаштво, Стефан Стевков кошаркар, Бојан Колевски фудбалер, Виктор Ванчевски велосипедист, Ангел Петрушев кајакар. 

Во младинска конкуренција екипно признанија добија  Карате клуб Гладијатор, ККК Вардар, MВК Велес  и екипата на КК Борец Баскет.  Тренери во младински категории кои добија дипломи се Димче Стефановски  ККК Вардар и Сашко Ванчевски МВК Велес.

Признанија за спортски подвиг добија велосипедистите Коста Тахов и Дејан Митров кој возеа до Истанбул и назад и Трајче Илиевски атлетичар на АК Изгрев кој на меѓународен армиски маратон во Швајцарија  со полна воена опрема и ранец тежок 6,5 кг го истрча за 3:49  и го освои третото место. 

Признание за судии добија Клементина Војдиновска - карате и Горан Мишков - велосипедизам. За освоената бронза на СП во борење за ветерани кое се одржа во Скопје, признание му се додели и на Игор Мицев. 

За училишниот спорт признанија добија кај основците проф. Весна Николова и ОУ Васил Главинов а во средно проф. Илија Попов и Гимназија Кочо Рацин. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »