речник контакт

Два дена велешани се вакцинираа со „АстраЗенека“ до петок ќе се пушта „Фајзер“

Досега во вакциналниот пункт во спортската сала нa УЗУС вакцинирани се повеќе од четири илјади лица

Петар Печков

Петстотини велешани се вакцинирани со „АстраЗенека“ изминати два дена во пунктот за масовна вакцинација во Велес.  Тоа се лица на возраст над 60 години, од утре се вакцинираат лица помлади од 60 години.

„Вчера беа вакцинирани 250 а денес 260 жители на поширокиот велешки регион, против ковид-19.ч  Тие примија „АстраЗенека“. Од утре среда до петок ќе се вакцинираат лица на возраст од 40 до 59 годишна возраст со „Фајзер“. За да нема редици и барање за преку ред, без термин, потенцирам дека вакцината ќе ја примат лица кои исклучиво добиле покана преку вакцинација.мк. Други лица без термин,  нема да бидат вакцинирани. Во понеделникот заврши вакцинацијата на лица од 25 до 40 годишна возраст, кои имаат хронични болести а тие примија вакцина „фајзер“. Оваа вакцинација траеше два дена   - рече д-р Марина Тодоровска, координатор на пунктот за масовна вакцинација.

Тој се наоѓа во спортската сала на средното училиште УЗУС. Освен од Велес таму се вакцинираат и жители на општините Градско, Лозово и Чашка.   Во овој пункт од 25 мај  досега се вакцинирани над 4 илјади лица, за заштита од  корона вирусот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »