Петар Печков
Објавено: петок, 22 јануари 2021
Изминатите два дена, среда и четврток, квалитетот на воздухот во Велес беше лош, загаден со ПМ 10 честички но и ЅО2, CО и NO2.
Вредностите се посебно високи, над дозволените, посебно во вечерните и утринските часови. Средно дневните концентрации на PM 10 честички измерени на мерна станица Велес 2, за деновите 20-ти и 21-ви јануари 2021 година се 123,875 μg/m3 и 119,475 μg/m3.
Иако со ова е надминат прагот за информирање, кој е два дена измерени вредности над 100 мг/м3, локалната власт денес не излезе со препораки до граѓаните.
Tweet |