Петар Печков
Објавено: сабота, 27 јули 2013
Од четвртокот попладне сигурносните рампи на железничките премини во Велес не функционираат, не се спуштаат. Поради ова возовите низ градот возат со минимална брзина и пред секој од премините запираат и со звучен сигнал најавуваат дека доаѓа воз.
Според ЈП МЖ причината за неработењето на безбедносните рампи е големиот пожар кој во четвртокот пламна во близината на Железничката станица Згрополци. При ова изгорела инсталацијата и каблите, кои сега се менуваат. Кога ќе завршела оваа промена, ќе се нормализирал и сообраќајот во градот, информираа од МЖ.
Поради ваквиот сообраќаен режим, кога се вози со мала брзина и често мора да се застане пред секој премин, вчера попладне товарна композиција застанала и не можела да тргне, поради што се додека не дошла нова локомотива, железничкиот и патниот сообраќај во центарот на градот беше во прекин еден час.
Tweet |