речник контакт

Два лица позитивни на ковид-19, починаа во велешка Болница

Опаѓа бројот на хоспитализирани лица во велешка Болницa, расте на нови случаи, денес има 29 позитивни на ковид-19

Петар Печков

Во велешка Болница се намалува бројот нa згрижени пациенти, денес до пладне имало 48, од нив 21 се на Инфективно одделение и 23 во Модуларната болница, додека четворица пациенти се на Интерно одделение и сите тие се сомнителни случаи.  

„Во текот на изминати 24 часа починаа двајца пациенти,  жена на 77 годишна возраст  згрижена на Инфективното одделение и  маж на 75 годишна возраст  кој бил хоспитализиран во  Модуларната Болница. И двајцата пациенти се од Велес“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.   Со ова бројот на починати лица од велешко, како последица на корона вирусот достигна 215 случаи.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 38 се потврдено позитивни, четворица се сомнителни и шест се негативни, но со здравствени проблеми.  На кислородна поддршка се 23 пациенти. 

Расте бројот на нови случаи, на лица позитивни на ковид-19. Изминатите 24 часа, Институтот за јавно здравје  соопшти дека во велешко има 29 ново заразени и 21 оздравен.  Бројот на активни е 316 лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »