Петар Печков
Објавено: недела, 17 април 2016
Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од утре 18 април до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.
Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на железницата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.
Во истиот овој период продолжува за сообраќа меѓународниот воз од Скоје со Солун и обратно.
Така патниците од Велес кои сакаат со воз да патуваат до Белград - Србија во наредните два месеци ќе треба да користат друг превоз.
Tweet |