речник контакт

Два нови рендген апарати за стоматологија во Здравствен дом

На овој начин пациентите од Велес, но и пошироко, Поварадарието и Овче Поле добиваат квалитетна услуга, за која ќе се користат сините картони

Петар Печков

 ЈЗУ Здравствениот дом од Велес набави два  нови современи рендген апарати. Тие се вредни 1,3 милиони денари, пари кои се од сопствениот Буџет.  На овој начин пациентите од Велес, но и пошироко , Поварадарието и Овче Поле добиваат квалитетна услуга, за која ќе се користат сините картони.

Грижејќи се за здравјето на граѓаните,  како  јавна здравствена установа овие денови набавивме  два рендген дигитални апарати од сопствени средства. Едниот е за сегментен интерорален апарат и вториот е  дигитален рендген панорама  апарат за снимање на заби. На овој начин стоматологот добива  брз и прецизна дијагноза, но и рано откривање на аномалии на вилиците кај пациентите. Така им  овозможуваме  здравствена услуга преку партиципација, за симболична сума да добиваат квалитетна услуга – изјави д-р  Тања Самаракова директор на велешкиот ЈЗУ Здравствен дом.

Тој е прв во земјава кој ќе им два ваква услуга на пациентите од сличните здравствени институции. Сличен апарат  имал само Стоматолошкиот клинички центар.  Тој  овозможува по електронска пошта пат снимката да биде испратена до стоматологот. Заради едукација на персоналот за работа ана новите  апарати, ќе се изврши и обука на вработените за  нивно користење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »