речник контакт

Два нови случаи со ковид-19, за прв пат случај од Горно Оризари

На Инфективното одделение од велешка Болница има 16 потврдено позитивни

Петар Печков

Во велешко денес има два нови случаи на позитивни со ковид -19 а има и еден оздравен, информираа од Министерство за здравство. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 33 лица.

Имаме еден случај од Горно Оризари кој е од непознат кластер, не може преку епидемиолошката анкета да се дознае како се заразил. Има и позитивен  случај на велешанец кој се заразил од член на семејството - изјавија од Центарот за јавно здравје.  

Досега во велешко има 169 лица со корона вирусот, 125 се оздравени и 11 починати.  14  биле на заразно одделение плус 4 кои биле од Повардарјето, 14 во домашен карантин, три биле во Инфективна клиника,   еден  во ГОБ 8- ми септември, еден во државен карантин еден на  приватно лекување, во приватна клиника. На Инфективното одделение во велешката Болница има 18 пациенти, од нив 16 биле потврдено позитивни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »