речник контакт

Два нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, почина скопјанец кој се лекувал во велешка Болница

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се девет пациенти, еден помалку од вчера

Петар Печков

Секој ден е се помал бројот на активни случаи со ковид-19  во велешко.  Денес бројката падна на 37 лица. Изминатите 24 часа има регистрирано  два   нови случаи,  а оздравени се пет  пациенти. Податоците се од Министерството за здравство.
 
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  девет пациенти,  еден помалку од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани петмина  а на Интерно се четворица пациенти. Нема ново примен ниту  има  испишани. Во велешка Болница почнал пациент од Скопје на 83 годишна возраст од ковид пневмонија.

„Потврдено позитивни се тројца, непотврдени нема и шестмина  се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се шест  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »