речник контакт

Два нови случаи на позитивни со ковид-19, две жени од Јаболчиште Горно и Долно, еден оздравен

На Инфективно одделение сместени се 13 потврдено позитивни пациенти

Петар Печков

Во велешко во текот на вчерашниот ден се регистрирани два нови случаи на  лица позитивни со ковид-19 а едно лице се води  оздравено. Така досега во велешко има   156 случи кои  имаат корона вирусот, а 30 се активни. Досега во Јаболчиште регистрирани се четири случаи на позитивни со ковид-19.

Двата нови случаи на позитивни со ковид-19, се жени , кои се заразиле од членови на семејството. Имаме еден случај на оздравено лице, кое лежеше на Инфективно одделение и по два негативни теста од земениот брис замина дома - изјавија од  Центарот за јавно здравје Велес. 

На Инфективното одделение од велешка Болница има хоспитализирано 13 пациенти и сите се  позитивни, една пациентка e испишана по два негативни теста  од земен брис а еден од пациентите е на кислородна поддршка, информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Нас домашно лекување се 12 лица позитивни на ковид-19, на Инфективна клиника и во ГОБ 8-ми  Септември сместени се по два случаи од велешко и еден е во државен карантин, повратник од странство. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »