Петар Печков
Објавено: четврток, 01 октомври 2020
Две лица е бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко денес, а еден е оздравен. Ова е билансот кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 33 лица.
Едниот случај е жена заразена од член на семејство и вториот не знае по епидемиолошката анкета од каде се заразил. Има и еден оздравен од домашно лекување - изјавија до Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има 330 лица кои биле заразени, 281 оздравеле и 16 се починати. Од активните случаи 26 се на домашно лекување а седум се на Инфективно одделение.
На Инфективно одделение има 21 пациенти, 20 се потврдено позитивни и еден е сомнителен - соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |