речник контакт

Два нови случаи со ковид-19 во велешно, оздравени нема

Денес, четврток во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се девет пациенти, исто колку и вчера.

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко нема оздравени а  се   регистрирани два нови  случаи со кoвид-19.  Со ова  бројката на активни случаи скокна на   24 лица. Починати во велешко нема.

Денес, четврток   во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  девет   пациенти, исто колку и  вчера.  Hа Инфективно хоспитализирани  се четворица  а на Интерно се петмина  пациенти. Ново  примен   нема  а   испишан е еден  со еден негативен тест.

„Четворица пациенти се  потврдено позитивни,   непотврдени се две лица  а  негативни се тројца  но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца   пациенти. Еден пациент позитивен е префрлен до Интерно на инфективно одделение“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »