Петар Печков
Објавено: сабота, 26 март 2022
Само двајца ново заразени со ковид-19 во велешко изминатите 24 часа и петмина оздравени соопшти Министерството за здравство.. Бројката на активни случаи е 37, починати лица од велешко нема.
Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се девет пациенти, двајца повеќе од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани двајца а на Интерно се седуммина пациенти. Наема испишани ниту ново примени пациенти.
„Потврдено позитивни се двајца, исто толку непотврдени нема и петмина се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес
Tweet |