речник контакт

Два пожара во еден ден

Се запали куќа во село Бањица и во Речани. И во двата случаи огнот избувнал од кровот

Петар Печков

Две интервенции во текот на вчерашниот ден имаа пожарникарите од велешката ТППЕ. Во неделата наутро во село Бањица изгорела куќа, во која живеела старица. 

Огнот се појавил околу  5.30 ч. на кровната конструкција во село Бањица кој потоа се проширил на целата куќа. Во гаснењето учестуваа пет пожарникари со едно возило. Огнот е локализиран во 9,15 ч. - рече Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ.  

Неделата вечера се јавил оган на куќа на улица академик Пенчо Давчев во Речани, близу крстосницата кај Башино село. 

Огнот се појавил на поткровјето и кровната конструкција. Во гаснењето учествуваа 10 пожарникари со две возила. Огнот избувнал во 18,45ч. а е локализиран во 21,45 ч. Оштетена е дел од покуќнината - рече Лепидовски.  

Од СВР Велес информација дека е извршен увид при пожарот на куќа во село Бањица и истрагата ќе ги откриела причините. Додека за куќата во Речани, не бил извршен увид, бидејќи според полицијата познато е дека огнот настанал од  запален оџак во објектот.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »