Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 октомври 2022
Во третото коло од Првата ракометна лига, и двете веелшки екипи кои настапуваат во овој ранг натпревари загубија и тоа дома.
РК Бисинов беше поразен од РК Шампион од Скопје со 25:27 а полувремето го добиле велешани со 13:12. Во средината на второто полувреме РК Бисинов водел и со 20:16, по што гостите прават пресврт со 22:23 водство кое го сочувале до крајот. По ова коло во групата „А“ РК Бисинове 8-ми без бодови од девет екипи. Во следното коло се игра соседско дерби по табелата, со РК Овче Поле во Свети Николе, кое исто така е без бодови.
Во групата „Б“ МРК Борец загуби убедливо дома со 25:52 (11:30) од екипата на РК Драчево. по три кола и два одиграни натпревари МРК Борец е без бодови а во следното коло , повторно дома игра со РК Партизан од Гевгелија кој исто така нема бодови.
Tweet |