речник контакт

Два филма четврток вечер со добротворни цели

Ќе бидат прикажани „Чудо“ (2017) со Џулија Робертс и „Омажи се за мене“ (2022) cо Џенифер Лопзез, средствата од продажбата на билетите за помош на велешанка самохрана мајка

Петар Печков

Во рамките на проектот  на Црвениот крст во акција промоција на хумани вредности, волонтерите од Општинска организација Велес организираат филмска вечер. Таа ќе се одржи четврток 02 јуни,  попладне и вечер во 18ч и 20ч. со прикажување на два играни филма.
 
Од 18ч. ќе биде прикажан американскиот играни филм „Чудо“ од 2017-та, кој на https://www.imdb.com/title/tt2543472/  е оценет  со 7,9 од страна на гледачите.  Филмот е драма, според истоимен роман . Раскажува за дете со тешки генетски поремтување поради што од породувањето има унакажано лице и глава и со тоа треба да се вклопи во животот и децата со кој учи и расте. Меѓу актерите е и Џулија Робертс.

Од 20 ч е филмот  „Омажи се за мене“  е американски романтична комедија-драма од 2022 година, https://www.imdb.com/title/tt10223460/ кој е оценет со 6,.1 од страна на гледачите. Меѓу актерите е и Џенифер Лопез.

Цената на влезниците е симболична од 50 денари. Двата филма се со македонски превод. Филмовите ќе бидат прикажана во зградата на Невладините, кај клонот на Детска градинка во месноста Дворови.

„Собраните средства ќе се искористат за помош на нашата сограѓанка Драгица, која е самохрана мајка и има потреба од хуманитарна помош.  Ве очекуваме сите на оваа филмска вечер, со пуканки и сок заедно да уживаме и да помогнеме“ - порачаа волонтерите на Црвениот крст од Велес.

 билети може да се резервираат на тел 075 309 622

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »