Петар Печков
Објавено: петок, 28 септември 2018
Откако минатата година само седум студенти се запишаа на Техничко- технолошкиот факултет во Велес, при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, годинава бројката на запишани е далеку повисока.
Во трите уписни рока се запишале 29 што редовни што вонредни студенти. Од нив 19 се на отсекот нутриционизам а 10 на отсекот прехранбена технологија и биотехнологија.
На останатите факултети кои имаат диспензирана настава во Велес есенва не се запишуваа бруцоши.
Tweet |