Петар Печков
Објавено: петок, 16 август 2019
Во текот на вчершниот ден, сообраќајната полиција контролирала, дали возачите ги почитуваат пропишаните правила за брзината за возење низ град.
Четвртокот на 15-ти август на територија на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што, се регистрирани вкупно 34 прекршоци, од кои 21 во Велес, осум во Кавадарци и пет во Неготино - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Додаде дека прекршоците се соодветно санкционирани.
Tweet |