Петар Печков
Објавено: четврток, 05 ноември 2020
Се зголемува бројот на здравствен персонал кој е позитивен на ковид-19 во велешката Болница. Денес има вкупно 14 лица, четворица се доктори, двајца се интернисти, еден е психијатар и еден доктор секундарец на одделот за анестезија. Има позитивни и три медицински сестра - на интерно, на очно и на детско. Позитивни на ковид-19 се и тројца рендген техничари, две хигеничарки, еден администратор и еден дипломиран фармацевт.
Од вчера во велешката Болница, на Интерното одделение започнаа да се хоспитализираат лица позитивни и сомнителни на ковид-19. Денес таму има 16 пациенти, двајца се позитивни, двајца негативно но со тешка клиничка слика и наод за масивна пневмонија а тројца пациенти се на кислородна поддршка.
Во итната служба и домашно лекување има седуммина позитивни, тројца доктори, тројца возачи на амбулантно возило и една медицинска сестра.
Tweet |