речник контакт

Дваесет и шест оздравени и 12 нови позитивни на ковид-19 во велешко, еден е починат

Едно лица на 73 годишна возраст, маж од Велес, починал по компликациите од ковид-19, тој е 59-та жртва во велешко од оваа заразна болест

Петар Печков

Министерството за здравство во велешко денес регистрираше далеку повеќе оздравени 26, отколку ново заразени со кора вирус 12 лица. Едно лица на 73 годишна возраст, маж од Велес, починал по компликациите од заразата со ковид-19.

Тој е 59-та жртва во велешко од  оваа заразна болест. Досега има заразени  1.762 а оздравеле 899 лица . Активни се 804 случаи,  67 се во велешка Болница, шест во приватни клиники во Скопје и 731 се на домашно лекување.

Во велешката Општа Болница хоспитализирани се вкупно 80 пациенти од нив 63 потврдени позитивни, девет сомнителни и осум  со негативни тестови, но со здравствени проблеми и симптоми, 28 пациенти на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение се  51 пациент, на Физикално 18 и на  Интерно 11.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »