речник контакт

Дваесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19

Во велешка Болница, се хоспитализирани 66 пациенти

Петар Печков

Дваесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и осуммина оздравени. Ова е здравствениот биланс за изминатите 24 часа за велешко, кој го објави Министерство за  здравство.  Во велешко активни се 243 случаи на лица со корона вирус.  

„Вкупно  во трите ковид одделение од велешка Болница, се хоспитализирани 66 пациенти,  од кои  47 се потврдени позитивни, двајца сомнителни  и 17 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациент“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижен се   45 пациенти, во Модуларната болница 17 и на Интерно четворица.  Испишани биле четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »