Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2020
Повеќе од десет години во детската градинка „Димче Мирчев”, се реализира проектот за вклученост на децата Роми во предучилишните установи. Годинава, овој период, без партиципација за престој во оваа градинка, вклучени биле 16 деца Роми, од вкупно 20 слободни места колку што има во шесте клона на градинките во Велес.
За да може децата Роми да ја користат оваа мерка, треба да е семејството материјално необезбедено, со еден вработен, со минимална плата. Проектот се реализира преку Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Велес и ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”.
Преку воспитно – образовниот процес изминатите години на овие деца од социјално послабо ситуирани семејства од Ромска националност им овозможи дружење и игра со нивните врсници и нивна воспитно – едукативна подготовка за во училиште.
Услугата бесплатен престој за деца во градинките во Велес, може да користат и самохрани родители, а услов е да се приматели на гарантирана минимална помош . Овој период таква услуга користат три деца од самохрани семејства.
Tweet |