Петар Печков
Објавено: четврток, 09 ноември 2017
Кавадарчанецот М.А. (39 год) доби 12 години затвор кривичното дело полов напад врз дете. Во Основен суд Велес тој е прогласен за виновен за обљуба врз сопствената ќерка.
Случајот во јавноста излезе откако во полицијата го пријави сопругата Џ.А. Таа откако беше објавена пресудата од 12 години затвор, и се слоши па мораше да интервенира доктор на итната помош.
Обвинетиот повеќе месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година околу 21.00 часот, во нивната семејна куќа во Кавадарци, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка.
Доказите покажале дека кај девојчето бил пронајден ДНК од нејзиниот татко, кој пак тврдел дека е пијан, не се сеќава, не го признава делото.
Tweet |