речник контакт

Дванаесет нови случаи на позитивни на ковид-19 и петмина оздравени во Велешко

Активни се 218 случаи на лица со корона вирус. Почината уште една пациентка од Свети Николе

Петар Печков

Изминатите 24 часа во Велес и велешко регистрирани се 12 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се петмина. Ова се податоци на Министерството за здравство, објавени попладнево.  Бројот на активни случаи во велешко  е 218  лица со корона вирус. 

„Вкупно се хоспитализирани 37,  од кои  36 се потврдени позитивни и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 18 пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Почината е пациентка на 58 годишна возраст од Свети Николе, позитивна и невакцинирана, лекувана четири дена на Инфективно одделение“ - кажа д-р- Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

Сите 37 пациенти се згрижени на Инфективното  одделение.

Во текот на вчерашниот ден двајца пациенти биле   транспортирани  за Скопје во приватните болници Жан Митрев и Систина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »