Петар Печков
Објавено: петок, 11 мај 2018
Двата нови македонски филмови ,,Бикини мун,, на Милчо Манчевски и ,,Исцелител,, на Ѓорче Ставревски ќе се прикажат наредниот период во велешки театар. Веќе се објавени и датумите за нивните кино проекции. ,,Бикини мун,, ќе се прикаже на 16-ти и 18 мај додека ,,Исцелител,, на 31 мај сите проекции се со почеток од 20ч.
Кондола Рашад ја глуми Бикини Мун Дејвис. Бикини е харизматична жена војник со психички проблеми која го привлекува вниманието на документарна екипа. Тие сакаат да ја искористат нејзината приказна за сопствена слава. „Бикини Мун’ е психолошки портрет кој има формат на лажен документарец и зборува за тоа како медиумите (вклучувајќи го и филмот) го експлоатираат поединецот. Денес секаде и секој снима и тоа го гледаме сите: од прислушување и безбедносни камери до самослик на ‘Фејсбук’. ‘Бикини Мун’, како и моите досегашни филмови зборува за природата на вистината, лагата и илузијата“.Во оваа модерна бајка која се потпира врз нарушениот идеал за семејство настапуваат и Сара Голдберг, Вил Јановиц и Сатја Сридхаран, а директор на фотографија е Џошуа З. Вајнастајн.
,,Исцелител,, Веле е механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител. Во филмот играат: Благој Веселинов - Веле, Анастас Тановски - Саздо, Аксел Мехмет - Џем, Александар Микиќ - Мрсни, Мирослав Петковиќ - Коки, Диме Илијев - Тоде, Симона Димковска - Јана. Режијата и сценариото се на Ѓорче Ставревски. Филмот беше прикажан на повеќе светскаи фестивали каде доби многу пофалби и позитивни критики.
Патем на 15 мај во велешки театар има маратон од студентски филмови, изработени од студенти на режија а ќе бидат прикажани девет кратки филмови.
Tweet |