Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2024
Во текот на вчерашниот ден, 21 јули двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваа во реонот на селата Мокрени, Габровник – Општина Чашка и Селце- прилепско.
„Кракот од пожарот кој што претставуваше опасност за селата е локализиран и ставен под контрола со помош на службите на терен од АРСМ. Хеликоптерот Бел 412 во 18 циклуси исфрли 27 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 23 циклуси исфрли 57,5 тони вода“- соопштија од МВР.
Претходно во саботата, двата хеликоптери на МВР, на истиот терен фрлија 68 тони вода, во 34 налети.
Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода.
Tweet |