Петар Печков
Објавено: четврток, 20 август 2026
СВР Велес најави дека го расчистила случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес. Инцидентот беше објавен понеделникот 17 август.
„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18 август и 19 август полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Едно од децата било дојдено од Германија на гости дома во Велес.
Настанот го објави градоначачлникот Марко Колев на ФБ со снимки обезбедени од ситурносните камери. Тие беа поставени со цел заштита на новите спортски терени и урбаната опрема во дворот на ОУ Васил Главинов, дворот на Гимназија, терените во Дворови и Тунелот.
| Tweet |





