речник контакт

Двајца битолчани уапсени на наплатна рампа Сопот, за поседување хероин, заработија и кривична и притвор

Г.Ц.(33 год) и О.Н.(35 год) билe уапсени на наплатна рампа Сопот

Петар Печков

Во неделата попладне, припадниците на МВР, на наплатна рампа „Сопот“ откриле дрога, кај двајца битолчани.  Лицата биеле уапсени и добиле притвор

На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес ги лишиле од слобода Г.Ц.(33 год) и О.Н.(35 год) од Битола. При преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пронајден е и одземен хероин- соопштија од МВР.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола за кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„Осомничените, на возраст од 36 и 34 години, по претходен договор набавиле 20,01 грама наркотична дрога – хероин, која ја сместиле во просторот за воздушното перниче на совозачката страна во автомобил Фолксваген голф со битолски регистарски ознаки. Со автомобилот се движеле по автопатот Скопје- Велес, а на наплатната станица Сопот биле сопрени од овластени полициски службеници. Полицајците при преглед на автомобилот го пронашле хероинот како и 22,45 грама мешавина од парацетамол и кофеин, која се користи како додаток за зголемување на масата на наркотичната дрога“ - соопштија од ОЈО Велес.

Ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. Судијата го прифатил предлогот и им определил притвор во траење од 30 дена.

Во извештајот на „Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал“ од Лондот, Велес е посочен како клучна точка на патот на дрогата во Македонија,  зашто се наоѓа на патот кој оди од Исток кон Запад, како и на Коридорот 10 кој оди од Север кон Југ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »