речник контакт

Двајца велешани, Ефремов и Јанковски, на Европските игри во Баку

Двајцата се атлетичари,настапуваат на 22 и 23 јуни

Петар Печков

На Првите Европски спортски игри, кои се одржуваат во Баку, Азербејџан се и двајца велешани.Кристијан Ефремов и Јованче Јанковски се дел од македонската селекција која бори 45  спортисти.  

Кристијан Ефремов ќе  настапи  на трката на 400 метри, како и на штафетите 4х100м. и 4х400м.Тој беше учесник на Олимпијадата во Лондон 2014  и Медитеранските игри во Мерсин Турција, како и на Светското првенство во сала во Истанбул и Европското првенсто во Хелсинки. Тој најавува дека е во добра форма и дека ќе го истрча најдоброто негово време годинава токму во Баку.

 Вториот велешанец кој ќе учествува во Баку е Јованче Јанковски во скок во височина. Тој вели декa е подготвен и очекува добар пласман, меѓу 8-те  најдобри,  бидејќи е во добра форма. Негов најдобар резулат годинaва sе прескокнати 203 цм.  Има  учествувано на  15 Балкански  и на 8 Европски првенства. 

Двајцата атлетичари, кои се на иста возраст од 25 год, македонски репрезентавци се дел до 30 члената селекција, која за Баку тргнува на 16 јуни а натпреварите се на 22 и 23 јуни.

ТРМР им посакува добар резултат и очекува добри вести од  Баку.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »