Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2019
Изминатиот викенд во Шпанија на патеката Ла Сеу Дургел се одржа Светското првенство во кајак на диви води, слалом, каде учествува како македонски репрезентативци и двајца велешани Ангелче Петрушев и Христијан Игнатов, од тројцата репрезентативци. Екипно од 29 селекции, Македонија, во3хК-1 во состав Петрушев, Игнатов, Бражански беше 26-та со заостанување од 86 секунди и 62 казнени поени.
Поединечно Петрушев во првото возење беше 69 со заостанување од 17 секунди и без казнени поени, додека Христијан Игнатов беше 80--ти со 23 заостанување зад лидерот и 6 казнени поени. Бражански заврши на 107-т- месо со +105 секунди и 56 казнени поени. Овие резултати беа постигнати во конкуренција на 116 учесници на СП. Во втората трка веслаа 84 натпреварувачи. Ангелче Петрушев беше 44 со +13,7 и 8 казнени поени, Огнен Бражански 54-ти со +21 и 2 казнени поени а Христијан Игнатов беше 60-ти со заостанување зад лидерот од 25 секунди и 10 казнени поени.
Светски првак стана Чехот Прскавец, екипно во 3хК-1 Шпанија.
Tweet |