Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2020
Во текот на изминатото деноноќие, 04/05.мај СВР Велес забраната за движење не ја почитувале две лица од Велес. Во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со Изјава за самоизолација има седум во Велес, информираше Верољуб Додевски, портпарол ан СВР Велес
Вкупно во Велес со Решение во изолација има 75 и се намали во однос на претходно кога имало 83, а со Изјава за самоизолација има 43 лица или повеќе од ден претходно кога имало 36 лица.
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.
Tweet |