речник контакт

Двајца велешани дел од крими групата ,,метастаза,,

Двајца велешани се осомничени и притворени како дел од акцијата ,,Метастаза,, со која преку криминал и малверзации обезбедувале граѓани со право на користење на инвалидски пензии. З.А.(55) , Р.В.(59) и двајцата од Велес, се товарат за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „помагање“, соопшти МВР.

Петар Печков

З.А. и Р.В. се  осомничени како поранешни вработени во МХК Злетово, дека биле посредници на повеќемина кои стигнале до инвалидска пензија. Во акцијата З.А. и Р.В.  биле посредници на  17 еминентни доктори од Клиничкиот центар од Скопје и на  десетината  членовите Комисиите за оценка на работоспособноста, за незаконско добивање на инвалидска пензија преку паричен надомест.

Криминална група, според документираните сознанија на МВР, била составена од претседатели и членови на Комисиите за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа (Ревизиона и Првостепена), лекари од повеќе Јавни и Приватни здравствени установи, медицински лица и лица - посредници за пронаоѓање на заинтересирани баратели на инвалидски пензии, лица кои изготвувале фалсификувана медицинска документација, лица помагачи за извршување на одредени злоупотреби, кои делувале како злосторничко здружение со хиерархиска поставеност и дефинирани улоги во извршувањето на кривичните дела.

Со вршењето на делата, членовите остварувале материјална корист и секој во зависност од активноста која ја извршувал, добивал сразмерен дел од паричната награда од 1.500 до 4.000 евра која ја исплаќале барателите на инвалидски пензии. Досега се идентификувани 57 баратели на инвалидски пензии, од кои 26-мина веќе го оствариле правото на инвалидска пензија (20 лица времена пензија и 6 лица - целосна), 10-мина добиле решение, но истите не им се процесуирани во подрачните единици на ПИОМ.

За 21 барател постапката за добивање на инвалидска пензија сеуште е во процедура. Членовите на злосторничкото здружение од овие баратели досега прибавиле имотна крист од околу 165.000 евра или над 10.000.000 денари, а истовремено на Фондот за ПИОМ, му нанеле штета од околу 53.000 евра или во противредност 3.200.000 денари, пари што веќе биле исплатени на оние баратели кои го оствариле правото на инвалидска пензија.

Паричната надокнада била примана од заинтересирани баратели на инвалидска пензија кои неисполнувале услови за добивање на инвалидска пензија, но и баратели кои ги исполнувале условите за добивање на инвалидска пензија, а на кои намерно им се одоговлекувала постапката. Во зависност од претходно обезбедената медицинска документација од страна на барателите, висината на работниот стаж кои го имале и услугите кои требало да бидат завршени, членовите на групата ја одредувале паричната надокнада која била барана и примана од барателите на инвалидски пензии. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »