речник контакт

Двајца велешани измамиле охриѓанец и стружанец за пет илјади евра

Во домот на велешаните биле пронајдени лажни евра, српски динари, златници со боја налик на злато, топчиња налик на кристали...

Петар Печков

Полицијата по обезбеден налог за претрес во домови на двајца велешани, пронашла предмети со кои има сомнение дека извршувале кривични дела.  Бил извршен претрес, со судска наредба, во домовите на А. С. и Д. С, кои се сомничат за измама. 

„При претресот беа пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра со различни апоени, српски динари и повеќе златници со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алка со циркони жолтеникава боја, алка синџир жолтеникава боја тркалезни топчиња налик на кристали повеке кутии за накит и мобилни телефони кои ги користеле за извршување на наведеното кривично дело“ – соопштија од МВР.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземала мерки и активности за расчистување на две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »